March 15, 2025 | | Свет
Манчестер Сити и Брајтон одиграа возбудлив натпревар на „Итихад“, кој заврши без победник (2-2) во рамките на 29. коло од Премиер лигата. Избраниците на Пеп Гвардиола двапати стигнуваа до водство, но гостите успеаја да избегнат пораз против актуелниот шампион, кој минува низ турбулентна сезона. Резултатот го отвори Ерлинг Халанд во 11. минута со успешно реализиран пенал, запишувајќи го својот 84. погодок во дресот на „граѓаните“, а со 16 асистенции влезе во историјата како првиот играч со сто голови и асистенции во помалку од сто настапи (94). Десет минути подоцна, Брајтон возврати преку Еступинан, кој го израмни резултатот на 1-1. Пред паузата, Омар Мармуш повторно ја донесе предноста за Сити, но на почетокот на вториот дел автогол на Хусанов ги постави конечните 2-2. Нотингем Форест оствари значајна победа на гостувањето кај Ипсвич (2-4). Во финишот на првото полувреме, Миленковиќ и двојниот стрелец Еланга донесоа убедливо водство од 0-3. Кајуст намали во завршницата, а Жота Силва веднаш врати за Форест. Конечниот резултат го постави Хирст. Во останатите дуели, Вулверхемптон славеше против Саутемптон (1-2), додека Евертон и Вест Хем одиграа нерешено (1-1).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |