Нов проблем за Гвардиола: Кајл Вокер побарал да замине од Манчестер Сити!

January 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов проблем за Гвардиола: Кајл Вокер побарал да замине од Манчестер Сити!

Помалку неочекувана вест за Манчестер Сити. Имено, Пеп Гвардиола потврди дека Кајл Вокер побарал да замине од клубот и тоа уште веднаш. „Пред два дена, Кајл побара да ги истражи опциите за играње во странство и да ја заврши својата кариера“, изјави Пеп Гвардиола. Вокер сезонава игра очајно каде беше удар на многу критики. Откако освои се со Сити, десниот бек смета дека е време за промена. Во Манчестер Сити дојде од редовите на Тотенхем во 2017 година за сума од над 50 милиони фунти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.