Нов проблем за Милан: Мењон суспендиран поради навреда кон судиите

March 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов проблем за Милан: Мењон суспендиран поради навреда кон судиите

Во таборот на Милан владее крајно лоша атмосфера поради серијата од три порази во Серија А, дополнети со елиминацијата од Лигата на шампионите од страна на Феенорд. Како дополнителен проблем, „росонерите“ во следниот натпревар против Лече нема да можат да сметаат на својот капитен и прв голман, Мајк Мењон, кој е суспендиран. Францускиот чувар на мрежата доби казна поради своето однесување по мечот со Лацио, што Милан го загуби со пенал во судиското продолжение. Токму Мењон направи прекршок врз Педро, кој го реализираше одлучувачкиот погодок за Лацио. Иако остана на теренот до крајот на натпреварот, по последниот свиреж следеше жестока расправија, заведена во официјалниот записник. Денеска беше објавено дека францускиот голман ќе отсуствува еден меч и ќе плати парична казна од 15.000 евра за своето однесување на неделниот дуел на „Сан Сиро“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.