December 22, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед не може да најде ритам, а по денешниот тежок пораз од Бормут на домашен терен со 0:3, разочарувањето на „црвените ѓаволи“ е се поголемо. Поразот беше најавен во 29. минута кога Хујсен го отвори резултатот, што беше и единствениот гол во првиот дел. Јунајтед имаше свои шанси да дојде до израмнување, но не ги искористи, а казната дојде кога Бормут постигна два брзи гола во две минути. Прво Клајверт погоди во 61. минута, а потоа Семењо во 63. за конечни 0:3. Со овој пораз, Манчестер јунајтед се наоѓа на 13. позиција со 22 бода, додека Бормут, едно од најпријатните изненадувања сезонава, со 28 бода е на петтото место, три бода зад четвртопласираниот Нотингем. Во останатите натпревари, Вулвс славеа со 0:3 на гостувањето кај Лестер, додека на средбите Фулам – Лестер и Евертон – Челси немаше голови.
🚨🏴 GOAL | Manchester United 0-3 Bournemouth | Semenyo SEMENYO MAKES IT THREE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/uSPdBncIzE
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 22, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |