Нов срам за ФИФА: На натпревар на клупскиот Мундијал немаше ниту 100 навивачи!

June 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов срам за ФИФА: На натпревар на клупскиот Мундијал немаше ниту 100 навивачи!

Најголемиот предизвик за ФИФА со новиот проширен формат на Светското клупско првенство очигледно е заинтересираноста на публиката, што најдобро се виде на натпреварот меѓу Мамелоди Сандаунс и Улсан Хјундаи. Натпреварот започна со само 97 гледачи на трибините, иако стадионот има капацитет од 25.000. Почетокот беше и официјално одложен поради временски услови, но и откако бројот на навивачи благо се зголеми, впечатокот остана ист – разочарувачка слика за турнирот што треба да биде глобален спектакл. На самиот терен, Мамелоди стигна до минимална победа од 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Рејнерс во 36. минута, што беше доволно за три бода и успешен старт за претставникот од Јужна Африка. ФИФА ќе мора сериозно да размисли како да го подобри интересот и присуството на стадионите ако сака новиот формат да го оправда очекувањата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.