June 18, 2025 | | Свет
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) попладнево официјално покрена обвинение против Михаило Мудрик, офанзивецот на Челси, поради употреба на недозволена супстанца. Ако се потврди вината, украинскиот репрезентативец би можел да се соочи со суспензија до четири години, што би значело сериозен удар за неговата кариера. Мудрик пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2023 година во спектакуларен трансфер вреден околу 100 милиони евра, но од самиот почеток не успеа да ја оправда големата инвестиција. Наместо да блесне, често беше во сенка на останатите фудбалери, а неговиот статус дополнително ослабе на крајот на минатата година кога падна на допинг-тест и привремено беше суспендиран во декември. Иако самиот фудбалер тврдеше дека не ја консумирал супстанцата свесно, дисциплинските органи на ФА сметаат дека има доволно основа за обвинение, и не планираат да прават исклучок. Во случај да не успее да се одбрани, Мудрик би можел да добие максимална казна – четири години надвор од фудбалот. Лошите вести за Украинецот доаѓаат само десет дена откако Челси му го одзеде дресот со број 10 и го додели на Кол Палмер, со што практично му беше испратена јасна порака за неговиот статус во тимот. Пред Мудрик е критичен период во кој мора да се брани пред регулаторните тела, додека Челси и понатаму го преиспитува неговиот престој во клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |