Нов удар за Реал: Алаба пак се повреди, имаат само два стопери!

February 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов удар за Реал: Алаба пак се повреди, имаат само два стопери!

Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми во дефанзивната линија, откако повреди заработија Антонио Рудигер и Давид Алаба. Клубот потврди дека двајцата стопери ќе бидат надвор од терените околу 20 дена. Тренерот Карло Анчелоти истакна дека ситуацијата е критична, бидејќи тимот веќе има долг список на повредени дефанзивци. „Во моментов сме во итен случај. Рудигер и Алаба нема да можат да играат, што е голем проблем за нас. Против Манчестер Сити ќе имаме само двајца стопери на располагање – Јакобо Рамон и Раул Асенсио, како и Чуамени, кој ќе ни помогне во таа улога“, изјави Италијанецот. Во наредниот период, „кралевите“ ќе се соочат со Леганес, Атлетико Мадрид и Осасуна во Примера, а ќе ги чека и тежок двомеч против Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Анчелоти потврди дека за овие натпревари ќе има ограничени опции во одбраната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.