August 31, 2025 | | Свет
Манчестер Сити и по три кола од Премиер лигата останува со само една победа (од првото коло), откако денеска доживеа нов пораз – овојпат од Брајтон со пресврт (2-1). Во многу сличен натпревар како минатата сезона, „галебите“ уште еднаш успеаја да го совладаат тимот на Пеп Гвардиола, повторно со пресврт. Единствениот стрелец за „граѓаните“ и сега беше Ерлинг Халанд, кој во 31. минута ја искористи асистенцијата на Мармуш и го отвори резултатот. Водството траеше до 67. минута кога искусниот Џејмс Милнер беше сигурен од белата точка за 1-1. Од тој момент Брајтон заигра поофанзивно и беше награден во самиот финиш – во 89. минута херој на победата стана Груда. За Брајтон ова е прв триумф сезонава по ремито со Фулам и поразот од Евертон, додека Сити останува со загрижувачки учинок од само четири освоени бода.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |