Нов успех на Ламин Јамал: Доби сопствени копачки! (ФОТО)

September 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов успех на Ламин Јамал: Доби сопствени копачки! (ФОТО)

Со само 18 години, Ламин Јамал продолжува да руши рекорди и да привлекува внимание, а сега доби уште едно признание – сопствени персонализирани копачки. По примерот на најголемите ѕвезди, младиот ас на Барселона ќе игра со моделот што го носи неговото име – „F50 LAMINE YAMAL“. Копачките се изработени во впечатлив дизајн со розева боја како доминантен елемент, дополнета со модерни детали. Јамал за првпат ќе ги облече новите копачки во недела, на 14 септември, кога Барселона ќе се соочи со Валенсија. Паралелно, тие веќе се пуштени и во продажба – по 50 евра за основниот модел и 270 евра за елитното издание.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.