Нов ВАР циркуз: Судијата отиде да анализира што правел тренерот на клупата! (ВИДЕО)

August 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нов ВАР циркуз: Судијата отиде да анализира што правел тренерот на клупата! (ВИДЕО)

На натпреварот меѓу Палмеирас и Фламенго се случи една многу чудна ситуација поврзана со ВАР. Палмеирас победи во натпреварот од купот со 1:0, но тој резултат не беше доволен бидејќи Фламенго во првиот дуел оствари триумф од 2:0, па така тие обезбедија пласман во следната фаза. Во 69. минута се случи еден интересен момент кога Флако Лопез постигна гол, но истиот беше поништен поради недозволена позиција. Потоа, откако беше поништен голот, Абел Фереира безобразно гестикулираше кон судијата Дарончо фаќајќи се за меѓуножјето. Иако главниот арбитар не го забележа тој момент, доби повик од ВАР собата за да го анализира моментот. Кога му беше покажана ситуацијата без многу размислување го исклучи стратегот на Палмеирас. Ова можеби е и прва или во најмала рака ретка ситуција ВАР да анализира момент надвор од теренот, но и тоа се случи.

Posts from the futebol community on Reddit

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.