July 15, 2025 | | Свет
Фудбалска бомба се подготвува на трансфер-пазарот. Имено, според Фабрицио Романо, Ливерпул официјално стапил во контакт со Њукасл во обид да го ангажира шведскиот напаѓач Александар Исак, кој веќе подолго време е на радарот на „црвените“. Ливерпул испратил директна понуда на клубско ниво, со цел да отвори разговор за трансфер кој би можел да постави нов рекорд во историјата на клубот. Се шпекулира дека сумата би можела да надмине и 150 милиони евра, што би ја надминало досегашната рекордна аквизиција на Флоријан Вирц. Сепак, работите не се едноставни. Њукасл од самиот почеток јасно стави до знаење дека не сака да се раздели со Исак, кој лани имаше блескава сезона и е клучен за амбициите на тимот. И не само тоа – клубот веќе подготвува нов, подобрен договор за шведскиот ас, како потврда на довербата и намерата да остане носител на проектот на „Сент Џејмс Парк“. Но, доколку преговорите за Исак пропаднат, Ливерпул нема да мирува. Постојат сигнали дека клубот ќе влезе во трката за Хуго Екитике, младиот напаѓач кој исто така привлекува внимание со своите перформанси и потенцијал. Французинот беше поврзуван со повеќе клубови, но Ливерпул би можел да биде нов играч во трката ако Исак остане недостапен.
🚨💣 EXCL: Liverpool made club to club approach with Newcastle to discuss record bid for Alexander Isak. ❗️👀 If Isak won’t be available, Liverpool can enter Ekitike race. Decision up to Newcastle as they never wanted to sell Isak + offer new deal. 🎥 https://t.co/gtmNUXA91U pic.twitter.com/aQphEiuOhr
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 15, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |