October 21, 2026 | | Свет
Барселона нема многу време да го преболи поразот од ПСЖ, а веќе се соочува со нов проблем пред еден од најважните натпревари во сезоната. Дани Олмо се повреди и нема да може да му помогне на тимот во неделната пресметка со Реал Мадрид. Според „АС“, во каталонскиот табор постои сомнеж за кинење на адукторот. Конечната проценка ќе биде позната по дополнителните медицински прегледи, но Олмо сигурно нема да биде дел од составот за ,,Ел Класикоʼʼ. Доколку се потврдат стравувањата, неговото отсуство може да се продолжи до крајот на репрезентативната пауза. Проблемите за Флик не завршуваат тука. Ерик Гарсија исто така ќе го пропушти дербито, а се очекува да отсуствува околу еден месец. Сепак, Барселона добива и охрабрувачки вести: Жил Кунде треба да биде подготвен за дуелот, додека Родри се враќа по одморот и ќе биде на располагање за големата пресметка.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |