May 8, 2025 | | Свет
Ентони доживува своевидно фудбалско будење во дресот на Бетис, каде што од зима наваму блеска со игра која не само што ги одушевува навивачите, туку повторно го враќа на мапата на највпечатливите играчи во Европа. На „Артемио Франки“ во Фиренца, Бразилецот уште еднаш покажа зошто неговото име повторно се изговара со почит во фудбалските кругови. Во 30-тата минута, ја распарча одбраната на Фиорентина и со прецизен удар во подалечниот агол го совлада Давид Де Хеа, својот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед. Иронично, токму Де Хеа беше мета на уште еден погодок од Ентони и на првиот натпревар во Севиља. Со осмиот гол за Бетис оваа полусезона, Антони се претвора во вистински мотор на андалузискиот клуб, кој има големи амбиции на европската сцена. Сепак, Фиорентина не се предаде каде со двата брзи гола на Госенс, атмосферата се загреа до точка на вриење и го постави сценариото за драматична завршница во битката за финалето на Конференциската лига.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |