November 3, 2024 | | Свет
Барселона запиша нова победа, овој пат против Еспањол во градското дерби со 3-1. На Барселона и требаа само 12. минути за да го отвори резултатот преку Дани Олмо на асистенција на Јамал кој прекрасно му намести со тривела пас. После 11. минути стрелаше и Рафиња, му асистираше Касадо кој забележа асистенции и против Реал Мадрид и против Баерн Минхен. Дани Олмо стрелаше уште еднаш во 31. минута и со тоа Барселона ја заврши работата уште во првиот дел. Во второто полувреме победата ја ублажи Пуадо во 63. минута. Претходно гостите постигнаа неколку гола, но истите беа поништени поради офсајд. Барселона сега има 33. бода и останува на првата позиција, а Еспањол се наоѓа на 17. место со само 10 бода.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |