Нова провокација: Во албанската химна за ЕП, се пее за Скопје како за АЛБАНСКИ град! (ВИДЕО)

June 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нова провокација: Во албанската химна за ЕП, се пее за Скопје како за АЛБАНСКИ град! (ВИДЕО)

Провокациите од Албанија насочени кон Македонија продолжуваат. Откако албанскиот репрезентативец Даку заедно со навивачите ги навредуваше Македонците и Србите, сега е на повидок нов скандал кој е директна порака за територијални претензии. Имено, во официјалната химна на Албанија за настапот на Европското првенство годинава, се зборува за убавините на Албанија, а се споменуваат и градови кои им припаѓаат на други држави, односно за Приштина која припаѓа на Косово, но и за тоа дека Скопје во видеото е претставен како албански град. Ова е навистина безобразен и непотребен потег, а ваквите провокации и потези не одат во прилог никому. Наместо да бидеме насочени кон тоа да ги подобруваме меѓуетничките односи, очигледно некој сака пак да ги разгори. Иако поминаа три недели од објавувањето на оваа песна, засега нема никаква реакција од нашите институции. *Делот каде се зборува за Скопје е на 0:50 минути од ова видео

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.