Нова слаба партија на Ливерпул: Примија три гола за 14 минути и изгубија кај Фулам (ВИДЕО)

April 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нова слаба партија на Ливерпул: Примија три гола за 14 минути и изгубија кај Фулам (ВИДЕО)

Денеска на „Крејвен Котиџ“ Ливерпул, кој многумина го гледаа како сигурен фаворит, се сопна на незгодното гостување кај Фулам и се враќа дома со горчливо поразени амбиции. Сѐ започна ветувачки за „црвените“, кога Алексис Мекалистер испрати вистинска уметничка бомба и го отвори резултатот уште во 14. минута. Се чинеше дека Ливерпул ќе маршира до нова победа и ќе го искористи киксот на Арсенал, но тогаш, сценариото се смени. Фулам возврати со три гола до полувремето. Сесењон со моќен удар израмни на 1-1, а само неколку минути подоцна, Ивоби донесе пресврт со прецизен завршен удар. Но, не застана тука. Нигериецот подоцна маестрално асистираше до Родриго Муниз, кој ја казни несигурната одбрана на Ливерпул и го постави шокантното 3-1. Во второто полувреме, Луис Диаз со соло-потег ја врати надежта за гостите, намалувајќи на 3-2, но тоа беше сѐ што успеаа да направат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.