Новак Ѓоковиќ стана сопственик на француски клуб!

August 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Новак Ѓоковиќ стана сопственик на француски клуб!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, стана дел од сопствениците на францускиот фудбалски клуб Ле Ман. Клубот, кој во минатото настапуваше во Лига 1, моментално игра во втората лига и има за цел да се врати во елитното друштво. Покрај Ѓоковиќ, во сопственичката структура влегоа и неколку познати имиња: легендарниот Формула 1 возач Фелипе Маса, актуелниот возач Кевин Магнусен и дечкото на тенисерката Арина Сабаленка, Горгос Франгулис, кој веќе има искуство во управување со бразилскиот клуб Коритиба. Нивната заедничка визија е да ја поврзат богатата мотоспорт традиција на Ле Ман, позната по трката „24 часа Ле Ман“, со фудбалот и да го вратат клубот меѓу најдобрите во Франција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.