Новата девојка на Белингем била „госпоѓа за една ноќ“

February 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Новата девојка на Белингем била „госпоѓа за една ноќ“

Џуд Белингем, еден од најголемите адути на Реал Мадрид, неодамна ја откри својата нова љубов – атрактивната Ешлин Кастро. На натпреварот против Жирона, англиските и шпанските медиуми беа изненадени кога ја забележаа Кастро во свечената ложа на стадионот, заедно со Белингем и неговата мајка. Ова веднаш предизвика огромен интерес за нејзиниот лик и биографија. Се откри дека Ешлин Кастро, која има 27 години, е шест години постара од 21-годишниот англиски фудбалер. Таа е позната инфлуенсерка и модел со над 425.000 следбеници на Инстаграм, иако не објавува често фотографии. Она што најмногу ја привлече вниманието е нејзиното минато. Медиумите дознаа дека нејзиниот профил бил пронајден на веб-страница за ескорт услуги и придружба, а во минатото била поврзувана со познати личности како НБА ѕвездата Ламело Бол, како и актерите Мајкл Б. Џордан и Џејми Фокс. Досега, Ешлин Кастро не ги коментирала пишувањата на медиумите, а останува да се види како оваа приказна ќе се развива во иднина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.