Нови критики за Гарначо: „Јас да бев Бруно, ќе му ја залепев една“

June 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нови критики за Гарначо: „Јас да бев Бруно, ќе му ја залепев една“

Алехандро Гарначо, повторно ја разбранува фудбалската јавност – и тоа не со голови, туку со потези надвор од теренот. Овојпат, Аргентинецот „експлодираше“ на социјалните мрежи со фотографија на која гордо носи дрес од Маркус Рашфорд, но не од Јунајтед, туку од Астон Вила! Фановите веднаш започнаа со шпекулации – дали се работи за случајна мода или намерна провокација? Особено ако се земе предвид дека Гарначо неодамна јавно го искажа незадоволството од тренерот Рубен Аморим по финалето во Лига Европа, по што се појавија гласини дека 19-годишниот крилен напаѓач е на излезна врата од „Олд Трафорд“. Многумина го сфатија објавениот дрес како директна порака – дали до клубот, тренерот, или можеби до самиот Рашфорд? Ситуацијата дополнително ја запали поранешниот напаѓач Трој Дини, кој со остар коментар се вклучи во дебатата. „Да сум на местото на Бруно Фернандеш, ќе му удрев една воспитна! Ова е Манчестер Јунајтед, не е игралиште за деца. Нема многу филозофија, само покажи му што значи дресот кој го носиш“, изјави Дини, додавајќи дека младите играчи денес „не знаат што значи лојалност и почит“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.