Нови очајни бројки за Манчестер Јунајтед, Арсенал покажува како се работи

August 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нови очајни бројки за Манчестер Јунајтед, Арсенал покажува како се работи

Скај Спортс направи анализа на составите на сите 20 клубови од Премиер лигата, со акцент на тоа колку пари се потрошени за нивниот градежен состав и колку истиот вреди во моментот. На дното на листата се наоѓа Манчестер Јунајтед, кој потрошил околу 1,1 милијарди фунти за сегашниот тим, а моменталната вредност на играчите е 769 милиони фунти. Тоа значи дека „ѓаволите“ се во минус од речиси 323 милиони фунти. Во составот на Манчестер Јунајтед има големи засилувања како Хари Мегваер, Џејдон Санчо, Антони, Расмус Хојлунд, Касемиро и Онана, кои моментално вредат многу помалку од сумите платени за нивниот ангажман. На спротивната страна, на врвот се наоѓа Арсенал, кој за сегашниот состав потрошил околу 826 милиони фунти, а моментално истиот вреди 1,1 милијарди фунти, што претставува позитивна разлика од околу 316 милиони фунти. Анализата го потенцира проблемот на Манчестер Јунајтед со градењето на тимот по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, со големи финансиски вложувања, сменети неколку тренери, но без очекуваните резултати.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Sky Sports (@skysports)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.