Нови проблеми за Јунајтед: Се повреди уште еден фудбалер

October 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нови проблеми за Јунајтед: Се повреди уште еден фудбалер

Манчестер Јунајтед се соочува со огромни проблеми кога станува збор за повредени фудбалери. Пред натпреварот со Бретнфорд, Јунајтед има огромни проблеми со фудбалери кои не се достапни, а сега ќе бидат без уште еден фудбалер. Угарте претрпел болки во мускулите на десната бутина и бил лекуван со облога со мраз. Англиски медиуми наведуваат дека тој ќе отсуствува викендов и дека Тен Хаг ќе мора да игра со други фудбалери во средината. Играјќи за Уругвај, тој се повреди во дуелот против Еквадор каде беше сменет во 82-та минута од натпреварот поради очигледно прашање со физичката подготовка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.