March 28, 2025 | | Свет
Смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона повторно е во фокусот на аргентинската јавност, откако медицинскиот експерт на судењето во Буенос Аирес откри нови детали за неговите последни моменти. Според обдукцијата, фудбалската икона починала во агонија, страдајќи од акутен белодробен едем и сериозна болест на срцевиот мускул. Пред судот се најдоа седум медицински работници, обвинети за „убиство со крајна умисла“, бидејќи наводно не му пружиле соодветна грижа на Марадона, иако биле свесни за ризикот. Помеѓу обвинетите се неговиот неврохирург Леополд Луке, психијатарот Агустина Косахова, како и медицински сестри и координатори. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна од осум до 25 години. Форензичарот Маурисио Касинели во своето сведочење изјави дека срцето на Марадона било речиси двојно потешко од нормалното и дека течност почнала да се акумулира во неговите бели дробови најмалку 10 дена пред неговата смрт, предизвикувајќи му долготрајна агонија. Сведочењето беше премногу потресно за неговата ќерка Јана, која ја напушти судницата пред прикажувањето на експлицитните слики од обдукцијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |