Новинар го обвини Осимен: Ми мавна бокс затоа што фотографирав

January 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Новинар го обвини Осимен: Ми мавна бокс затоа што фотографирав

Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, се најде во центарот на внимание во Турција. По натпреварот против Динамо Киев, кој заврши со драматично реми 3-3, нигерискиот фудбалер се најде под обвинување дека нападнал новинар пред ноќен клуб. Толга Боздуман, новинарот кој го изнесе обвинувањето, тврди дека Осимен реагирал агресивно кога се обидел да го фотографира. Според Боздуман, ситуацијата ескалирала брзо.

„Почнавме да сликаме, а тогаш Осимен почна да вика и да трча кон мене. Се обиде да ми ја одземе камерата, но не му дозволив, а потоа ми удри бокс во главата,“ изјави новинарот.
Осимен, од друга страна, ги отфрли сите обвинувања и ја даде својата верзија на настанот.
„Не сум удрил никого. Единствено побарав од него да ги избрише фотографиите. Тоа се приватни слики, и како јавна личност, имам право да барам тие да не бидат користени,“ изјави фудбалерот, додавајќи дека не сакал конфликт.
Овој инцидент предизвика бурни реакции во јавноста, а турските медиуми внимателно ја следат ситуацијата. Додека едни го осудуваат наводното однесување на Осимен, други повикуваат на разум и праведно разгледување на случајот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.