Успешна приказна: Новиот капитен на Јуве работел сѐ и сешто во животот, а играл и за аматери!

August 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Успешна приказна: Новиот капитен на Јуве работел сѐ и сешто во животот, а играл и за аматери!

Тијаго Мота со победа ја започна тренерската кариера во Јувентус, а притоа, одлучи да назначи и нов капитен на тимот, а тоа е Федерико Гати. Гати поминал низ многу проблеми во својот живот. На само 17 години морал да го напушти училиштето за да работи и да помогне финансиски во фамилијата откако татко му останал без работа. Тој бил ѕидар, поправал кровови, а работел и во маркет. Играше за тимот на Про Патрија, а пред три години направил добар чекор кога преминал во Фросиноне, тим од Серија Б. Во 2022 година премина во Јуве за девет милиони евра, каде шест месеци остана во Фросиноне на позајмица а веќе две години е стандарден член на Јувенстус. За Јувентус вкупно има одиграно 64 натпревари каде постигна шест гола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.