September 22, 2025 | | Свет
Познатиот судиски аналитичар Едуардо Итуралде Гонзалес во емисијата „Карусел Депортиво“ откри дека ФИФА разгледува можни промени во правилата за изведување пенали. Според новата идеја, доколку голманот одбрани удар од белата точка, играта ќе биде веднаш прекината, а наместо можност за доигрување и втор обид од одбиена топка, ќе следи гол-аут. „Ќе полудите од оваа промена. Накратко, ако голманот одбрани удар, тогаш играта завршува“, изјави Гонзалес. Британскиот „Сан“ уште пред неколку месеци најави дека ваквата промена е на маса кај ФИФА, а постои можност правилото експериментално да се тестира на Светското првенство во 2026 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |