November 27, 2024 | | Свет
Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, сосема оправдано го доби престижното признание „Златно момче“ за 2024 година, и тоа во конкуренција со 25 исклучителни фудбалери. Наградата ја доби благодарение на неверојатните настапи за шпанската репрезентација и за својот клуб. Од самиот старт, Јамал беше прогласен за главен фаворит за оваа награда, и тоа не без причина. Неговите извонредни настапи и резултати го направија најистакнатиот кандидат во оваа категорија, а истовремено го продолжија трендот на доминација на фудбалери од Ла Лига. Наградата „Златно момче“ веќе неколку години по ред останува во Шпанија, откако пред него ова признание го освојуваа неговите колеги Педри и Гави, а и фантастичниот Џуд Белингем. Овој престижен трофеј, кој го доделува италијанскиот „Тутоспорт“, не е непознат за најголемите фудбалски имиња. Во минатото, наградата ја добија фудбалери како Лионел Меси, Вејн Руни, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, што само го истакнува високиот статус на признанието и ги потврдува исклучителните квалитети на новиот добитник. За Ламин Јамал, ова е само почеток на една светла фудбалска кариера, која ветува многу повеќе во иднина.
🚨🚨| OFFICIAL: Lamine Yamal wins the Golden Boy Award 2024! 🇪🇸⭐ pic.twitter.com/4SPp7dWSwT
— CentreGoals. (@centregoals) November 27, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |