July 5, 2024 | | Свет
На ова Европско првенство УЕФА реши да воведе ново правило кое вели дека само капитените на селекциите смеат да влегуваат во конверзации со судиите. Прв на своја кожа оваа новина ја осети Родри кој прв на ова Европско првенство доби жолт картон за приговор а воедно тој не е капитен на Шпанија. Доколку некој од другите фудбалери освен капитенот приговараат кај судијата, истиот тој фудбалер ќе биде санкциониран со картон. Наводно, знаците за ово правило биле позитивни, па УЕФА реши по Европското првенство истото да го имплементира и во клупскиот фудбал. Така, во новата сезона на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига право на протест до судиите ќе имаат само капитените на клубовите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |