Обдукцијата покажа дека Балдок се удавил во базен

October 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Обдукцијата покажа дека Балдок се удавил во базен

Вчера беше потврдена смртта на грчкиот репрезентативец Џорџ Балдок, а сега обдукцијата покажала дека тој се удавил во базенот. Истата била направена на Универзитетот во Атина, на Одделот за медицинска форензика. Балдок починал како последица на давење каде било утврдено дека имал вода во белите дробови. Воедно, тој немал набиеници или какви било повреди кои би укажувале на насилна смрт. Беше откриено и дека на местото на кое се случила несреќата имало две шишиња од кое едното било сигурно вотка, а другото вода или тоник.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.