August 19, 2024 | | Свет
Сити славеше со 2-0 против Челси и покажа дека не планира во никој случај да застане и дека и сезонава ќе бидат први фаворити за освојување на Премиер лигата. Тие поведоа со голот на Ерлинг Халанд во 18. минута, а резултатот го потврди Ковачиќ во 84. минута. Она што вчера беше спорно и за кое се зборуваше е моментот кога во шеснаесетникот на гостите топката удри во раката на Ковачиќ. Фудбалерите на Челси бараа игра со рака, но по проверка на ВАР судијата Ентони Тејлор потврди дека нема пенал. Но, зошто беше донесена таквата одлука? Од оваа сезона јавно ќе се објавуваат одлуките на ВАР, а на платформата „X“ беше објавено зошто е донесена таква одлука. „ВАР провери потенцијална казна за игра со рака на Ковачиќ. Тој го потврди повикот на судијата да нема пенал, сметајќи дека топката дошла од непосредна близина“, стои во официјалното објаснување на Премиер лигата.
#CHEMCI – 77’ VAR checked a potential penalty for a handball by Kovacic. He confirmed the referee’s call of no penalty, deeming the ball came from close proximity.
— Premier League Match Centre (@PLMatchCentre) August 18, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |