Облак: Од кога сум во Атлетико никогаш ова ми се нема случено

December 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Облак: Од кога сум во Атлетико никогаш ова ми се нема случено

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, беше еден од клучните играчи во големата победа над Барселона на гостински терен (1-2) во 19. коло од Ла Лига, што му овозможи на неговиот тим да го заземе првото место на табелата. Ова беше прва победа на Облак над Барселона како гостин откако е член на Атлетико, поради што е особено среќен. „Од кога сум тука, никогаш не сум победил во Барселона. Конечно успеавме. Тежок натпревар, но успеавме да освоиме три бода, само да продолжиме вака. Страдавме многу, почнавме лошо и со страв кој никој не го разбира. Бевме навистина лоши, но издржавме се и знаевме дека ќе дојдат прилики. По 1-0 се боревме и на крајот успеавме да победиме благодарение на Серлот“, изјави Облак. Облак беше клучен во одбраната, а неговиот тим успеа да го издржи притисокот и да се избори за важна победа која ги стави на врвот на табелата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.