Обложувалниците гo одредија фаворитот, Интер со најмали шанси

April 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Обложувалниците гo одредија фаворитот, Интер со најмали шанси

Со завршувањето на четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, веќе се познати полуфиналните двојки кои ќе ја дефинираат борбата за финалето на 31 мај на „Алијанц Арена“ во Минхен. Полуфиналните пресметки носат две големи европски дербија: Барселона ќе се соочи со Интер, а Арсенал ќе ги пречека Парижаните од ПСЖ. Првите мечеви се играат на 29 и 30 април, со следниот распоред: Арсенал – ПСЖ: 29 април Барселона – Интер: 30 април Фаворит за титулата според британските обложувалници и аналитички модели е Барселона. Каталонците имаат најдобри коефициенти (околу 2.00) и највисока веројатност за трофејот – 27.4%. ПСЖ е веднаш зад нив со 25.7% шанси и коефициенти до 3.34. Арсенал и Интер се следните на листата. „Топчиите“ имаат 24.3% шанси, а коефициентите варираат меѓу 3.33 и 6.94. Интер е најголем аутсајдер со само 16.6% и коефициенти кои одат и до 10.06, но во ЛШ ништо не е невозможно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.