Очаен Манчестер Сити: Четврт пораз по ред за шампионите! (ВИДЕО)

November 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Очаен Манчестер Сити: Четврт пораз по ред за шампионите! (ВИДЕО)

Манчестер Сити доживеа нов пораз, овој пат против Брајтон на гостински терен со 2:1. Ова за Сити е четврти пораз по ред во сите натпреварувања и ова претходно никогаш му се нема случено во кариерата на Гвардиола. Во првиот дел Сити поведе преку Халанд, а во второто полувреме шампионите на Англија воопшто не личеа на себе. Жоао Педро го изедначи резултатот во 78. минута, а пет минути подоцна следуваше тотален пресврт на Брајтон преку О'Рајли. Во вториот дел Манчестер Сити имаше само еден шут во оквирот на голот и тоа доволно покажува какво полувреме одиграле гостите. Ако Ливерпул вечерва слави против Астон Вила, ќе има пет бода предност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.