Очаен меч на „Олд Трафорд“: Двата тима од Манчестер одиграа реми без голови

April 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Очаен меч на „Олд Трафорд“: Двата тима од Манчестер одиграа реми без голови

На „Олд Трафорд“, вечните ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити одиграа реми без голови (0-0), во натпревар од 31. коло. Јунајтед започна со срце, со жар, со желба да го запали стадионот со погодок, но кога ќе се стигнеше до завршница, се чинеше како да недостига клучот за отклучување на Едерсон. Зиркзе, Гарначо и Доргу беа храбри, но прецизноста фалеше. Пет шута, само еден во рамки на гол, што е недоволно за да се даде гол. Сити, пак, делуваше отсутно. Фокусот беше ставен на дефанзивата, додека ретките пробиви преку контри не најдоа пат до мрежата на Онана, кој денеска беше сигурен бедем зад црвената линија. Вториот дел донесе смена на улоги. „Граѓаните“ ја презедоа иницијативата, а Јунајтед чекаше. Домаќините повторно покажаа живот околу 75. минута, се побара и пенал по стартот на Ковачиќ, но судијата Брукс одлучи дека сето тоа вреди само за корнер. До самиот крај, домашните навивачи се надеваа на триумф, но мрежите останаа мирни. Со овој бод, „ѓаволите“ остануваат 13-ти со 38 бода, додека Сити, иако далеку од своето најдобро издание, сè уште е во чекор со четвртопласираниот Челзи со само бод зад него.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.