Очајната партија на Барса резултираше со пораз од Леганес! (ВИДЕО)

December 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Очајната партија на Барса резултираше со пораз од Леганес! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Леганес приредија сензација во Ла Лига, совладувајќи ја Барселона со минимални 0:1 на гостински терен. Иако „каталонците“ имаа идеална можност да ја зголемат својата предност на табелата по вчерашниот кикс на Реал Мадрид, тие не успеаја да ја искористат. Херој на Леганес беше дефанзивецот Гонзалез, кој уште во 4. минута го постигна единствениот гол на натпреварот. Барселона доминираше во поседот на топката во текот на целиот натпревар, но недостигот на креативност и опасни шанси пред противничкиот гол ја чинеше тимот три важни бода. Сега Барселона и Алтетико имаат по 38 бода, додека Реал Мадрид е со бод помалку, но „јорганџиите“ и „кралевите“ се со по еден натпревар помалку.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.