Очајниот Сити си реди порази, само една победа во последните 12 меча! (ВИДЕО)

December 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Очајниот Сити си реди порази, само една победа во последните 12 меча! (ВИДЕО)

Продожува очајната форма на Манчестер Сити. Денеска доживеаа нов пораз и тоа од Астон Вила на гостински терен. Резултатот го отвори Џон Дуран во 16. минута па тој беше единствениот гол во првиот дел. Во вториот дел Сити влезе очајно па така прими уште еден гол каде стрелец беше Роџерс и тоа во 65. минута. Сити успеа да им даде мала надеж на навивачите преку Фоден во 93. минута, но сепак беше доцна за било каков камбек во натпреварот. Сити останува на 27. бода и се наоѓа на 6. позиција, а Астон Вила има еден бод повеќе.

Standings provided by Sofascore

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.