September 17, 2025 | | Свет
Францускиот фудбалер Бенџамин Менди, поранешен репрезентативец и светски шампион со „триколорите“, продолжува со обидите за оживување на својата кариера. Како што објави Фабрицио Романо, 31-годишниот дефанзивец потпиша договор со полскиот прволигаш Погон. Менди во 2017 година стана најскапиот лев бек во светот кога Манчестер Сити плати 57,5 милиони евра за неговиот трансфер од Монако. Со „граѓаните“ освои повеќе трофеи, но во 2021 година неговата кариера доживеа драматичен пресврт – беше обвинет за повеќе случаи на силување. По долга судска постапка тој ја докажа својата невиност, но две години беше надвор од терените и никогаш не се врати на нивото на кое беше во Премиер лигата. По кратки авантури во Лориен и Цирих, Менди сега ќе се обиде да се рестартира во полското првенство. Францускиот бек во кариерата играше и за Олимпик Марсеј и Авр, а со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство во Русија во 2018 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |