September 17, 2024 | | Свет
Чави Ернандес ја превзеде Барселона во турбулентен период каде со ограничени ресурси успеа да ја освои Ла Лига. Кога дојде ред да замине, тој го напушти клубот џентелменски без да побара ниту едно евро од клубот. Со новиот тренер Барселона засега делува одлично па уште на почетокот самите играчи, како и навивачи на Барселона прават споредби за разликите во играта и пристапот на двата тренера. Флик има огромна доверба во талентите на Барселона и е отворен за работа со млади, па засега тоа носи резултати. Пред извесен период имаше одредени шпекулации за тоа дека Чави бил разочаран од изјавите кои пристигнувале од Барселона во однос на физичката подготвеност на тимот сега во споредба со периодот кога тој беше на клупата. Сега тие информации ги потврдуваат каталонски „Sport“ и мадрискиот медиум „AS“ кои тврдат дека Чави бил разочаран од таквите пораки, како и од изјавата на Педри, играч кој тој многу го цени. Шпанскиот фудбалер рече дека тимот е многу подобро физички подготвен под водство на Ханси Флик и со тоа испрати индиректна порака до Чави. Легендата на Барселона смета дека тоа не е така и тврди дека сезоната кога ја освоиле лигата, тимот бил одлично физичкки подготвен и тој е на став дека ваквите прозивки не се во ред и дека се некоректни и разочарувачки.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |