August 19, 2025 | | Свет
Расмус Хојлунд дефинитивно ќе го напушти Манчестер Јунајтед ова лето и ќе се врати во Серија А, каде што се афирмираше пред трансферот во Премиер лигата. Поранешниот фудбалер на Аталанта веќе подолг период е тема на интерес во Италија. Најпрво силно беше поврзуван со Милан, но во трката сериозно се вклучи и Наполи. Причината за наглиот пресврт на „неаполитанците“ е повредата на Ромелу Лукаку. Белгиецот ќе биде надвор од терените најмалку три месеци, а извесно е дека ќе го пропушти целиот прв дел од сезоната. Со тоа Наполи остана без прва опција во нападот и итно бара замена. Изборот паднал токму на Хојлунд, кој пристигна во Манчестер Јунајтед за околу 70 милиони евра. Иако покажа квалитет и постигна неколку значајни голови во Лигата на шампионите и Премиер лигата, неговата форма беше променлива, а англискиот клуб е подготвен да размисли за продажба доколку пристигне соодветна понуда.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |