Од први фаворити, паднаа на дното по број на шутеви на ЕП

June 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Од први фаворити, паднаа на дното по број на шутеви на ЕП

Според многумина, фаворит за освојување на Европското првенство е Англија, иако според досега прикажаното, тешко е да се каже дека е така. Во првото коло од групната фаза тие славеа против Србија со минимални 1-0 со голот на Белингем каде прикажаа лоша игра. После постигнувањето на голот, тие се повлекоа и го чуваа резултатот. Воедно, Англија е една од селекциите со најмал број на удари кон голот каде против Србија упатија само пет шута. Единствена репрезентација која има помалку шутеви од нив е Шкотска која упати само еден удар. Најлошите екипи по број на удари во првото коло се: Шкотска – едем удар кон голот; Англија – пет удари кон голот; Чешка – пет удари кон голот; Унгарија – шест удари кон голот; Австрија – шест удари кон голот; Србија – шест удари кон голот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.