Од ПСЖ демантираат преговори: Не сме заинтересирани за Салах

December 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Од ПСЖ демантираат преговори: Не сме заинтересирани за Салах

Насер Ал Калифи, претседателот на Пари Сен Жермен, ги демантираше шпекулациите кои го поврзуваа Мохамед Салах со преселба на „Паркот на принцовите“. Претходно, „L'Equipe“ пренесе дека Салах преговара со ПСЖ. „Тоа не е вистина. Тој е фантастичен играч, но никогаш не сме размислувале да го ангажираме. Знаеме дека секој клуб би го сакал, но последните шпекулации се неосновани“, вели тој. И покрај ова демантирање, Ал Калифи не ја исклучи можноста за засилувања во зимскиот преоден рок. „Ако добиеме шанса, секако дека ќе ја разгледаме“, додаде претседателот на ПСЖ, сугерирајќи дека клубот останува отворен за нови трансфери ако се појави шанса за тоа. Мохамед Салах, легендарниот египетски напаѓач, остави огромна трага во англиската Премиер лига откако пристигна во Ливерпул пред седум години. Во текот на својата кариера, Салах постигнал 224 голови и забележал 100 асистенции на 369 настапи, а оваа сезона продолжува со одличните настапи каде има 13 гола и 11 асистенции на само 20 натпревари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.