March 27, 2025 | | Свет
Бразилската фудбалска федерација сериозно размислува за промена на селекторот по ужасниот пораз од Аргентина, а името кое најмногу се споменува е легендарниот Карло Анчелоти. Според извори блиски до федерацијата, веднаш по мечот, челниците стапиле во контакт со италијанскиот стратег, изразувајќи силна желба токму тој да ја преземе „Селесао“. Анчелоти, кој важи за еден од најуспешните тренери во историјата, не ја исклучил можноста да седне на клупата на Бразил, но нагласил дека тоа би можело да се случи дури по завршувањето на Светското клупско првенство ова лето. Сепак, клучниот фактор во оваа фудбалска драма е Реал Мадрид. Доколку „Кралскиот клуб“ реши да го задржи својот стратег до истекот на договорот кој трае до наредното лето, тогаш Бразилците ќе мора да бараат друга опција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |