December 30, 2024 | | Свет
За некои можеби е изненадување, но за претседателот на Барселона Жоан Лапорта веста дека и втората жалба за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор е одбиена воопшто не е. Имено, денеска и понискиот суд ја одби регистрацијата на овие два фудбалери, па така Лапорта веќе работи на „планот Б“. Управата на Каталонците има договор за продажба на дел од ВИП седиштата на новиот „Камп Ноу“ за одреден период за сума од 100 милиони евра. Документите веќе се испратени на проверка кај Ла Лига и се чека нивен конечен одговор. Има и трета опција, односно Лапорта и членовите на управата повторно да дадат свои сопствени пари како што беше во случајот на регистрација на Кунде своевремено за да ги регистрираат двајцата фудбалери до летото.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |