Одегард конечно се враќа на терените?

October 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Одегард конечно се враќа на терените?

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард нема играно од септември поради повреда на скочниот зглоб, но Артета се надева дека ѕвездата на Норвешка може да настапи пред репрезентативната пауза овој месец. Повредата ја заработи играјќи за националниот тим на Норвешка на почетокот на септември. Иако тој сака да се обиде да се врати за дуелот со Њукасл во сабота, сепак поголеми се шансите првите минути да ги има во дуелот со Интер во Лигата на шампионите. Во отсуство на Одегард, се забележува недостаток во креативноста на тимот од Лондон кој со нетрпение го очекува Норвежанецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.