December 1, 2024 | | Свет
Фудбалот денеска го затресе несреќен инцидент, кога Едоардо Бове, фудбалерот на Фиорентина, се сруши на теренот во 17. минута од натпреварот против Интер, во рамките на 14. коло од италијанското првенство. 22-годишниот играч од средниот ред загуби свест и падна без сознание, што го натера судијата да го прекине натпреварот и да повика лекарска помош. Лекарските екипи веднаш пристигнаа и започнаа со реанимација на теренот, додека загрижените соиграчи и навивачи со напнато срце ги следеа случувањата. По некое време, Бове беше пренесен во болница со брза помош, каде се освести и моментално дише самостојно, пренесува „Sky Sports“. Фудбалерот наводно се наоѓа во стабилна состојба. Бове доживеал срцев удар и епилептичен напад, што дополнително ја зголеми загриженоста. Лекарите ќе продолжат со тестови за да се утврди точната причина за овој сериозен здравствен проблем. Сите со нетрпение очекуваат нови информации за неговото здравје, а фудбалската заедница се надева на брзо и целосно опоравување на овој млад фудбалер.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |