Одлични вести за Милан: По 12 часа Мењон се враќа во Милано (ВИДЕО)

April 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Одлични вести за Милан: По 12 часа Мењон се враќа во Милано (ВИДЕО)

Голманот на Милан, Мајк Мењан, доживеа тежок момент на вчерашниот натпревар во Удине, откако се судри со својот соиграч Хименез. Сцената го шокираше фудбалскиот свет, а Французинот веднаш беше префрлен во болница за понатамошни испитувања. Добри вести пристигнаа утринава – Мењан околу 9 часот беше отпуштен од болницата и замина за Милано. Прегледите покажаа дека нема посериозни повреди, иако јасно е дека ќе мора да го пропушти наредниот дуел на Милан против Аталанта. Интересен детал е што, и покрај интензитетот на судирот, голманот останал свесен и контактибилен додека бил пренесуван во болница. Според лекарите, неговото закрепнување би можело да биде побрзо од очекуваното, но за неговото враќање на терените ќе одлучуваат лекарските служби на клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.