Одлично полувреме: Симонс го отвори резултатот, Кејн брзо врати! (ВИДЕО)

July 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Одлично полувреме: Симонс го отвори резултатот, Кејн брзо врати! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Холандија и Англија започна на одличен начин, а не очекува вистинска битка во второто полуврем. Чави Симонс постигна страшен гол во 7. минута кога го матираше Пикфорд. Во 18. минута Кејн постигна гол од пенал каде ќе има дискусии дали имаше пенал или не. Во 23. минута Дензел Дамфрис успеа да спаси чист погодок откако интервенираше на гол линија по ударот на Фоден. Истиот фудбалер во продолжението ја имаше најубавата шанса за „лалињата“ откако во 30. минута ја погоди пречката на Пикфорд, а статива погоди и Фоден.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.