December 7, 2024 | | Свет
Денеска, во 13:30 часот, беше закажано големото Мерсисајд дерби помеѓу Евертон и Ливерпул, но поради неповолните временски услови, натпреварот нема да се одигра во предвидениот термин. Тамошната полиција ги советуваше луѓето во југозападниот дел на Англија да не ги напуштаат своите домови или да патуваат освен ако е апсолутно неопходно. Овој меч требаше да се одигра во рамки на 15-то коло на англиската Премиер лига и да биде 245-ти официјален дуел меѓу старите ривали. Сепак, поради бурата која го зафати овој дел од Англија, натпреварот беше одложен. Оваа информација ја потврди и познатиот новинар Дејвид Орнстин. Во досегашните 244 меѓусебни натпревари, Ливерпул беше значително подобар тим, со 99 победи. Овој натпревар требаше да биде шанса за Ливерпул да ја постигне стотата победа против Евертон. Во досегашните натпревари, 77 пати се играло нерешено, а Евертон има 68 победи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |