Одлуката да замине нема да му ја простат: Александер-Арнолд исвиркан на „Енфилд“ (ВИДЕО)

May 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Одлуката да замине нема да му ја простат: Александер-Арнолд исвиркан на „Енфилд“ (ВИДЕО)

По една деценија верност и бројни успеси со дресот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд е на пат да го напушти „Енфилд“ како слободен играч на само 26-годишна возраст. Одлуката на клубот да не му понуди доволно добар договор или навремено да го реши неговиот статус предизвика жестоки реакции кај дел од навивачите. За време на дербито против Арсенал, кога името на Александер-Арнолд беше изговорено на стадионот, од дел од трибините се слушнаа свирежи – невообичаен и разочарувачки момент за фудбалер кој се смета за „дете на Ливерпул“ и симбол на академијата на клубот. Ова не беше последниот домашен натпревар на „црвените“ оваа сезона, па останува да се види каков испраќај ќе му приредат навивачите на претстојниот дуел против Кристал Палас.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.