July 10, 2025 | | Свет
Тео Хернандез официјално е нов фудбалер на Ал-Хилал од Ријад, откако саудискиот клуб се договори со Милан и го комплетираше трансферот вреден околу 25 милиони евра. Францускиот репрезентативец по шест сезони во дресот на „росонерите“ реши да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток, каде ќе работи под водство на италијанскиот стратег Симоне Инзаги. Хернандез одигра 195 првенствени натпревари за Милан, но минатата сезона не беше на очекуваното ниво, што дополнително ги засили шпекулациите за негово заминување. Преселбата во Саудиска Арабија беше прашање на време, а сега трансферот доби и официјална потврда. Иако има 27 години, Тео Хернандез и понатаму важи за еден од најквалитетните леви бекови во светскиот фудбал. Ал-Хилал очекува токму тој да донесе дополнителна енергија и стабилност во дефанзивната линија, особено по солидниот настап на тимот на Светското клупско првенство, каде Инзаги успеа да стигне до четвртфиналето.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |