February 7, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски официјално стана нов фудбалер на Партизан, пристигнувајќи од рускиот Акрон Тољати. Димоски ќе настапува за српскиот клуб како позајмен играч, со можност за откуп на неговиот договор доколку управата биде задоволна од неговите игри. За 22-годишниот лев бек, Партизан ќе биде втор интернационален клуб во кариерата, откако претходно настапуваше во Русија. Во македонската лига играше за Вардар и Брера Струмица, а во националниот дрес забележа 18 настапи под водство на селекторот Благоја Милевски.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |